Од Охис за Германија тргнаа седум вагони со 126 тони контаминирана земја

Денеска од скопски Охис почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со линдан (HCH), која ќе биде спакувана во седум вагони и ќе биде пренесена во Германија. Земјата ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

– Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS, информира Министерството за животна средина.

Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

Претходна вестГрад Скопје го раскина договорот со „Слобода Превоз“
Следна вестГрад Скопје готви нов повик за приватни превозници, тие од утре ќе ја блокираат десната лента на „Илинденска“