Од оваа година електронски уписи во средните училишта

Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Тоа ќе го овозможи новата дигитална услуга – електронско запишување ученици во средните училишта која Министерството за образование и наука ја изработи во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот финансиран од Амбасадата на Велика Британија.

Ваквата услуга лани првпат им беше овозможена на првоодделенците преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

Услугата денеска им беше презентирана на директори на средни училишта. Овој месец ќе почнат обуки на наставници за нејзино користење, а ќе биде функционална во јуни кога ќе бидат и уписите за средно образование.

Според податоците на Еуростат, посочи таа, нивото на дигиталните вештини кај сите лица во земјава е околу 32 проценти. Истражувањето покажало и дека младите кај нас имаат значително подобри дигитални вештини од повозрасната популација: 74 отсто од децата меѓу 16 и 19 години се дигитално писмени, користат дигитална технологија и купуваат онлајн и тој број е значително зголемен во последните две години како резултат на пандемијата.

Претходна вестТурски возач на камион со фалсификат зелен картон фатен на Деве Баир
Следна вестДемократски сојуз: Владата да формира комисија за проверка на податоците од пописот