Од починат човек украле пари, документи и телефони во болница

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал.

Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.

Претходна вестПриведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација
Следна вест„ТикТок“ казнет со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност на ЕУ