Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 % во однос на одлуката од 11.12.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573 %, кај дизелот 2,404 %, кај екстра-лесното масло 2,219 % и кај мазутот зголемување во просек за речиси 0,971 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,131 %.
– моторен бензин „ЕВРОСУПЕР БС-95“ – 76,50 (денари/литар)
– моторен бензин „ЕВРОСУПЕР БС-98“ – 78,50 (денари/литар)
– дизел-гориво „ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)“ – 73,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денара/литар)
– „мазут М-1 НС3 – 40,920 (денари/килограм)
Од 19.12.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Малопродажните цени на бензините „ЕВРОСУПЕР БС-95“ и „ЕВРОСУПЕР БС-98“ не се менуваат.
Малопродажната цена на „ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,348 денари/кг.