Од полноќ нови цени на горивата – ќе поскапат или ќе поевтинат?

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.

Согласно вчерашната одлука, бензините денеска се поевтини за половина денар, а цената на дизел горивата е зголемена за еден денар за литар.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

Претходна вестОбил подрум и украл предмети, за два часа полицијата го фатила
Следна вестИсчистена е големата депонија кај Серава – од жителите зависи дали ќе остане така