Од полноќ дизелот поскап од бензинот за 12 денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ ќе се продава за цели 12 денари поскапо од бензинот откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за ново поскапување на горивата.

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува 101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари. Бензинот Еуросупер БС – 95 ќе чини  – 89,50 (ден/лит) а Еуросупер БС – 98 – 92,00 (ден/лит).

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.

 

Претходна вестСрпскиот патријарх Порфириј го нарече г.г. Стефан како архиепископ на Северна Македонија
Следна вестХотелот „Европа“ го теши Преспанското езеро: Лесно ти е тебе…