Од полноќ поевтинуваат горивата

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,688 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,748 денари.

Претходна вестПоднесено обвинение за Палевски за грабнувањето и убиството на Вања и Панче
Следна вестКукла робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје