Од полноќ поевтинуваат горивата

Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19 отсто денеска донесе Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена – 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит. и изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,155 ден/кг. и ќе изнесува – 41,672 ден/кг.

Претходна вестРКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
Следна вестСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита