Од полноќ поскапуваат горивата

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1 отсто донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Според одлуката, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар, додека цените на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е В) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,626 денари/кг.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,00 (денари/литар)

– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,00 (денари/литар)

– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 77,00 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)

– „мазут М-1 НС“ – 48,634 (денари/килограм)

Претходна вест„Боинг“ признава вина за две авионски несреќи и ќе плати отштета од 243 милиони долари
Следна вестМаринакис: Средба Мицкоски-Мицотакис не е планирана, но Грција во Вашингтон ќе го постави прашањето за почитување на Преспанскиот договор