Од понеделник ќе се наплатуваат патарините на Преод и Кадрифаково

Од понеделник во 7 часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно. На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.

– Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина, информира денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.

Претходна вестСе повеќе нови случаи на Ковид – 19, вчера 494 новозаразени, 2.309 активни случаи
Следна вестМицкоски: На Фон Дер Лајен и покажав слики од убиствата на младите во Ваташа, Вера Циривири Трена и депортацијата на Евреите направени од бугарскиот фашистички окупатор