Од утре ќе биде воведена дезинфекција на сите гранични премини меѓу Бугарија и другите земји поради опасност од навлегување на чума кај малите преживари, изјави за новинарите во Карџали извршниот директор на бугарската агенција за безбедност на храна д-р Светлозар Патарински. Заедно со заменик министерот за земјоделство и храна, Дејан Страве, тие учествуваа на вонредниот состанок на Регионалната епизоотска комисија, свикан поради регистрирана епидемија на речиси 10 километри од бугарската граница – во грчката населба Јасмос, каде што се погодени 260 овци и кози. Засега дезинфекцијата ќе биде бесплатна додека не бидат известени земјите со кои се граничиме, но според извршниот директор на БАБХ моментално се плаќа дезинфекција на границата со Турција.
Според д-р Патарински, во овој момент нема регистрирано појавување, а во Бугарија не влегле живи животни од Романија и Грција, каде што се епидемиите. Регистриран е увоз во кланица, но пред да се објави присуство на болеста.