Од утре до понеделник автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја информира јавноста дека утре (четврток), задутре (петок) и в сабота (8 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред поради празниците Бадник и Божик.

Исклучок од ова ќе има кај автобуските линии 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои утре (четврток, 6 јануари) ќе возат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници – од 7 до 19 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичницата на Водно ќе работи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 17 часот.

Претходна вест1.375 нови случаи на Ковид-19 и четири починати лица
Следна вестКражба во обложувалница во скопски Чаир