Од утре почнува исплатата на пензиите во групи

Од утре, 29 јуни, започнува етапната исплата на јунските пензии што ќе трае до 2 јуни. Ваквиот начин на исплата се применува подолго време, откако започна пандемијата, за да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Етапната испата всушност е за оние кои не користат картичи, додека за другите тие веднаш ќе можат да ги подигнат парите на банкомат или да ги користат за плаќање.

За оние кои ги подигнуваат пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите и не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.6.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1.7.2021 година (четврток);

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2.7.2021 година (петок).

 

Претходна вестДобро е: Нема починати, a само три нови заразени – во 16 града нема ниту еден случај
Следна вестНа 13 јули почнува чистењето на канцерогениот линдан од Охис – ќе трае барем една година