Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи.
Како што најавуваат од УХМР, во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.
Пораст на дневните температури ќе има од четврток, кој ќе биде позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.