Од утре: Терасите на кафеаните се отвораат, но не и салите за вежбање

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести во однос на мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.

Според тоа, од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден.

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Останатите мерки се:

-од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот;

-компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, но нема да можат да организираат свадби, родендени, крштевки и слично;

– угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега.

Комисијата за заразни болести смета дека треба да остане забраната за работа на сите вежбални, фитнес – клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.

Новите мерки ќе важат до 15 мај.

Претходна вестМицкоски за 27 април: Судска, а не политичка пресуда за осудените
Следна вестЗа пет месеци рециклирани 100.000 пластични шишиња и лименки во Општина Центар