Од утре заладување и врнежи, a од петок снег на повисоките планини

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, јавува УХМР.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Во Скопје утре времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, повремено пообилни.

Од петок попладне ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со засилен јужен ветер.

Претходна вестЗа Ковачевски ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно
Следна вестПронајдени десетици илјади римски монети на брегот на Сардинија