Од вечерва земјено прскање против комарци во Скопје

Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот.

Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

– Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се изјасни кој од двата предлога на Мицкоски прифаќа
Следна вестИако е во војна Русија се врати во најголемите 10 светски економии