Женската одбојкарска репрезентација на Македонија забележа нов втор пораз во квалификациите за Европското првенство каде загуби на гостувањето кај Грција со максимални 0-3 во сетови.
Во првиот сет ривалот славеше со сигурни 25-8, додека во вториот малку се подобри играта во нападот на Македонија, но недоволно (25-14). Точка на победата Грција стави со резултат 25-11.
Најдобар поентер на мечот во Солун беше Тамара Стојанова со седум постигнати поени, додека кај Гркинките, Елени Бака реализира 11 поени.
Квалификациите за женската селекција продолжуваат следната година. Покрај од Грција, Македонија загуби и од селекцијата на Австрија на домашен терен исто така без освоен сет.