На државниот универзитет во Скопје, предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година ќе бидат со комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство), соопштија Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Испитната сесија која е во тек, исто така, продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од ковид-19.
УСС на УКИМ на фејсбук-страницата информира дека е донесен заклучок да се овозможи отворање вакцинален пункт на на Универзитетот за да се олесни процесот на вакцинација на студентите и на кадарот на Скопскиот универзитет.
Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од ковид-19.
МОН веќе соопштти дека наставата за основците и средношколците од 1 септември ќе биде со физичко присуство, освен за неколку исклучоци.
И сега прашањето е, зошто студентите би оделе на ваков принцип додека основците и средношколците поинаку?