ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД БУГАРИЈА: Македонија е една од петте држави за кои ќе бидат олеснети мерки за влез во Бугарија

Северна Македонија е една од петте држави за кои ќе бидат делумно олеснети мерките за влез во Бугарија, соопштија денеска претставници на бугарската влада на брифинг со новинарите.

„На туристите од Молдавија, Израел, Кувајт, Србија и Северна Македонија ќе им биде дозволен влез во нашата држава доколку имаат негативен ПЦР-тест, кој не смее да биде постар од 72 часа“, соопштија бугарските власти.

Оваа одлука, како што информираа, е на барање на туристичкиот сектор.

„Ова ќе претставува сериозна поддршка за нашите хотелиери, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети“, велат од кабинетот на Борисов.

На брифингот, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави нови социо-економски мерки за помош на засегнатите од кризата предизвикана од пандемијата.

Претходна вестПаркингот на Водно викендов го искористиле 263 возила
Следна вестПочинаа уште 9 лица, а коронавирусот потврден уште кај 411 лица – јавува РТС за соседна Србија