Кошаркарската федерација на Македонија го одложи стартот на сезоната 2020/2021 во Првата лига, кој беше планиран за 10 и 11 октомври.
-Во очекување на комплетните резултати од PCR-тестирањето за коронавирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига – мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек, соопштија од федерацијата.
Во наредниот период федерацијата ќе ја следи состојбата во Македонија од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на првенството.