По прекинувањето на соработката со досегашниот тренер на актуелниот македонски шампион Шкупи, Гоце Седлоски, клубот од Чаир овие денови работеше на ангажирање на нов шеф на стручниот штаб.Официјално Шкупи постигна договор со еден од најреномираните тренери во турскиот шампионат, Џихан Арслан, кој во текот на својата кариера го водеше еден од најпознатите турски суперлигаши Башакшехир.
Арслан го предводеше и Акхисар, кој потекнува од мал град, со кој тимот се натпреваруваше и во Лига Европа.
Токму добрите настапи и учеството во групите од Лига Европа и многу други успеси во турскиот фудбал ФК Шкупи одлучи да го промовира Џихат Арслан за нов тренер на екипата.
Воедно клубот информира дека Февзи Лајиќ ќе биде дел од стручниот штаб Арслан во обидите да се остварат нови големи успеси и се остварат целите.