Вчера во СВР Скопје од страна на 39-годишна Чилеанка било пријавено грабеж на автобуската станица во Скопје. Непознато лице и ја одзело ташната со пари и лични документи.
-На 12.08.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје, Р.М.М.Ф.(39) од Чиле, со престој во Германија, пријавила дека на 11.08.2024 околу 21.00 часот на Автобуската станица во Скопје, едно лице ѝ ја одзело чантата со пари и лични документи и предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во билтенот на МВР.