Ограбено финансиско друштво во Куманово

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен под сомнение дека завчера ограбил финансиско друштво во Куманово.

– Денеска (16.05.2023) во 12.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 15.05.2023 во финансиско друштво на бул. „Трета македонска ударна бригада“ со закана одзело пари од вработената.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСиндикатот при Царинската управа со поддршка на вработените од УЈП
Следна вестВработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни