Ограбил аптека во Кисела Вода, уапсен во Центар

35-годишен маж од скопско вчера се обидел да ограби аптека на подрачјето на Кисела Вода. Тој е уапсен во Центар и кај него се пронајдени пари и пиштол.

– Вчера околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода 35-годишниот А.С. од скопско поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари. При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, велат од МВР.

А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛенче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители
Следна вестЦарина спречи шверц на 126 литри прекурзори за производство на дрога