Во домот на триесет и шест годишниот С.Т. од Охрид е пронајдена муниција, оружје и граната. По претресот од страна на полицијата тој е приведен.
– Одземени му се пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната“, соопшти полицијата.
Осомничениот е задржан во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за недозволено поседување на оружје и муниција.