Home АКТУЕЛНО Околу 5.000 македонски граѓани лани побарале азил во земјите на ЕУ

Околу 5.000 македонски граѓани лани побарале азил во земјите на ЕУ

0
Околу 5.000 македонски граѓани лани побарале азил во земјите на ЕУ

За околу четири пати повеќе македонски граѓани лани побарале азил во некоја од земјите на Европската унија во однос на 2020 година, покажуваат податоците на Агенцијата за азил на ЕУ. Азил во некоја од европските земји лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија.

Од страна на Агенцијата за азил Македонија се посочува како една од земјите каде што има драстично зголемување на бројките.

-Од 4.922 барања поднесени од македонски граѓани 2.822 апликанти по првпат пробале да добијат азил, додека 2.170 граѓани повеќепати се обиделе да заминат од земјата во некоја од европските дестинации, пренесува „Дојче веле“.

Минатата година негативно било одговорено на 3.395 апликации поднесени од македонски граѓани, за разлика од 2020 година, кога биле одбиени 1.650 апликанти. Најголем број барања од Македонија за азил во Европа биле поднесени во 2015 година – над 15.600, но повеќето биле одбиени.