Октомвриските пензии доаѓаат пет дена порано – кој како сака нека си толкува

Пензионерите со средствата од октомвриската пензија  преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа ќе можат располагаат од 26 октомври, а готовинска исплата на пензии за оние кои не користат платежни картички ќе се врши од 26 до 29 октомври.

Ваква одлука донесе денеска Владата и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 октомври 2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври 2021 година, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа:

-за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 октомври (вторник),

-за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 27 октомври (среда),

-за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 октомври (четврток) и

-за пензии со висина над 18.001 денари исплата да се изврши на 29 октомври (петок).

На 31 октовмри се одржува вториот круг од локалните избори. Дали овој потег има врска, проценете сами.

Претходна вестВо кафеана на маса може да седат колку сакаат гости – се укинува ограничувањето
Следна вестНа кого што му треба: Мицкоски повика на обединување на опозицијата, Заев на единство во партијата