ОМО „Илинден“ – Пирин: Македонскиот клуб во Благоевград ќе биде преместен, сопствениците на просториите се заплашувани

Нема да се случи затворање на македонскиот клуб во Благоевград „Иван Вапцаров“ туку тој ќе биде преместен на друга локација, соопшти денеска организација на Македонците од Бугарија ОМО „Илинден“ – Пирин. Таа реагира по шпекулациите околу функционирањето на културниот центар и најавите дека ќе биде затворен.

Оттаму го посочуваат заплашувањето на сопствениците на просториите како причина за преместувањето на клубот.

–  Клубот не се затвора, но ќе мора да се премести, затоа што сопствениците беа заплашени неколку пати и не смеат да продолжат со договорот. Клубот таму не престојуваше шест месеци, туку една година, се вели во соопштението од ОМО „Илинден“ – Пирин.

Од македонската организација тврдат дека бугарските власти вложуваат напор за да не дозволат отворање на македонски клубови, како и за одземање на просториите на постоечките центри.

– Бугарските власти вложуваат огромен напор да не дозволат да се отворат македонски клубови или да им се одземат просториите на оние што постојат. Во такви услови ширењето на навреди, дезинформации и полувистини само дополнително ја влошува и без тоа тешката борба на Македонците во Бугарија, наведуваат од ОМО „Илинден“ – Пирин.

Во соопштението се наведува и тоа дека сите членови на сите Организации се канети и примани во клубот.

-За присуство во клубот и учество во неговите активности или организираните од него свечености од никого ништо не е барано. Бугарските власти вложуваат огромен напор да не дозволат да се отворат македонски клубови или да им се одземат просториите на оние што постојат. Во такви услови ширењето на навреди, дезинформации и полувистини само дополнително ја влошува и без тоа тешката борба на Македонците во Бугарија, портенцираат од ОМО „Илинден – Пирин“.

Претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков синоќа објави на Фејсбук дека клубот се затвора.

-Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов, околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“ и Атанас Мазнев, претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО Илинден – Пирин, добивме информација дека по шест месеци, клуботќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата, објави Кирјаков синоќа на Фејсбук.

Претходна вестМногу ветувања дадоа СДСМ и ДУИ за една изборна единица, и?
Следна вестБигорски манастир му одговори на владиката Петар: Тој зборува клевети и небулози, ако јавно не се извини ќе почнеме со постапка против него