Опозицијата бара оставка од Ковачевски поради францускиот предлог за кревање на бугарското вето

Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од партијата коментираат дека како што паднала бугарската влада, така треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија.

„Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија. Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија. Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции? СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот. Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, СДСМ утрово искоментира дека деновиве се потврди дека асимилацијата и бугаризацијата на Македонците немаат никаква врска со реалноста, туку тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е целосно фијаско на Ковачевски
Следна вестРусија: 21 платеник од Македонија се убиени во Украина