Опозицијата го саботира обраќањето на Ковачевски и на пратениците од власта со сирени

Со силни звуци на сирени пратениците на опозицијата го оневозможуваа обраќањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски на продолжението на собраниската седница денеска попладне.

По едночасновната пауза пратениците ја продолжија седницата посветена на усвојувањето на заклучоците со кои ќе се задолжи Владата околу францускиот предлог. Едночасовна пауза побара Дафина Стојановска, која ја во име на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ рече дека со тоа сака да им даде шанса на поддржувачите на францускиот предлог да се премислат.

Седницата продолжи при што имаше расправија меѓу претседателот Талет Џафери и пратеникот на Левица Борислав Крмов околу право на процедурална забелешка. Потоа, зборот му беше даден на премиерот Димитар Ковачевски. Во ист момент, пратениците на опозицијата ги истакнаа бројните транспаренти и почнаа со силни звуци на сирените кои со себе ги внесле во собраниската сала. Премиерот на тоа не обрнува внимание и продолжува да зборува. Најнапред се заблагодари за обраќањето на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и за нејзините пораки. Тој зборуваше и за тоа дека со францускиот предлог е заштитет македонскиот идентитет и дека нема да бидат загрозени државните и идентитетски прашања.

На крајот од говорот, премиерот кажа цитат од романот „Пиреј“ од македонскиот писател Петре М. Андреевски. Но, по ова дел од пратениците на опозицијата на цел глас извикуваа: „предавник“!

По ова, со звуци на сирени беше оневозможувано и обраќањето на Снежана Калеска, додека пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати без попречување.

Претходна вестГраѓаните се уште протестираат пред Собранието, ги опоменуваат пратениците
Следна вестСончево со умерена локална облачност и слаб северен ветер