ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара за експертската влада, кој би ја предводела заеднички прифатлива, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.
Ова е реакцијата од опозициската партија на понудата на премиерот Зоран Заев од утрово, кој во интервју за „Слободен печат“ и понуди на опозицијата да влезе во Владата, иако понатаму вели дека со Мицкоски не може да се разговара.
Од ВМРО- ДПМНЕ уште оценуваат дека Заев со неговата изјава за широка влада потврдил дека на Македонија и е потребна нова и поинаква влада.