Опозицијата реагира, Министерството без објаснување како се правеле партиски избори во училишта

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира што на вчерашните вантрепартиски избори за лидер на СДСМ гласањето се вршело и во неколи училишта во Македонија. За тоа сведочат и бројни фотографии објавени на социјалните мрежи на кои се гледаат партиски обележја, гласачки одбори и членови на партијата кои доаѓаат да гласаат.

-Видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање, се наведува во партиското соопштение.

Реагира и лидерот на оваа партија Христија Мицкоски.

-Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање. Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш!, напиша Мицкоски на Фејсбук каде и објави фотографија од училница каде се гласало.

Според опозицијата, прекршен е член 11 од Законот за основно образование.

-Во сите основни училишта се забранува политичко и верско организирање и истакнување на партиски и верски обележја, стои во оваа одредба.

Од друга страна, Министерството за образование се уште е без одговор на овие обвинувања. Односно, нема објаснување од министерката Мила Цароска врз кој основ училишни простории се отстапени на една политичка партија.

Претходна вестСрбија го одложи априлскиот попис за октомври поради корона вирусот
Следна вестСрбија го сопре пописот ради ризик од вирусот, а Македонија ќе била во ризик ако немала попис!?