Општина Центар ги повика граѓаните да пријавуваат нехигиена

Повик до граѓаните да пријават проблем со јавната чистота или кастрењето дрвја во нивното маало, упати денеска Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. На телефонскиот број 076350767 или преку порака на вибер или whats up граѓаните може да испратат и фотографии за точна локација и проблемот кој го посочуваат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека овој начин на комуникација ќе биде брз и ефикасен во решавањето на потребите на граѓаните.

-Општина Центар и ЈП „ПОЦ“ се секојдневно на терен, ги мијат улиците, поткаструваат гранки и ја одржуваат јавната чистота. Но доколку некои граѓани имаат потреба службите да интервенираат на конкретна локација тоа може да го пријават или испратат порака со фотографија со цел екипите да видат за што станува збор и побрзо да реагираат, рече Герасимовски.

Претходна вестМКЦ не заборава: Настан по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Следна вестВо Шпанија запленети 5 тони кокаин вреден 265 милиони евра, уапсени пет Албанци