Општина Карпош ќе субвенционира купување нови велосипеди за жителите

Општина Карпош ќе им доделува субвенции на нејзини жители кои ќе купат нови велосипеди – ќе покрива 30 отсто од сумата за платениот велосипед, но најмногу 3.000 денари. Аплицирањето ќе почне утре (7 мај) и ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.

– За оваа намена, Општината од својот буџет издвои 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“, информира Општината за одлуката која ја донесоа советниците на вчерашната седница.

Претходна вестАнтикорупционерите отворија предмет за противпожарната скала набавена од Шилегов
Следна вестПри обид да го ограбат разбојници повредиле млад скопјанец со нож