Општина Карпош, кога ќе „збришете“ депонија Би Би Си ќе ги информирате?

Во скопските рубрики на медиумите едно од главните вести е дека градоначалникот на Карпош поставил нов лежечки полицаец пред училиштето „Петар Поп Арсов“ во должина на улицата „Разловечко востание“, а во тек било поставување на ваков тип сигнализација и долж улицата „Волгоградска“.

Информацијата се презема и шири како лежечкиот полицаец да е поставен на дрво, оти според новинарските правила тоа би било вест. Но како е толку споделувано тоа што градоначалникот го поправил веќе постоечкиот полицаец?
-Сериозни сте дека за ова известувате? Неговата работа е тоа, во описот и пописот на работното место нему тоа му е меѓу основните задачи. Тој е гредоначалник а основното инфраструктурно уредување заради безбедност на граѓаните му е „оче наш“.
-А тек кога ќе исчисти депонија, до Би Би Си ќе пишете, м, општина?! И ќе се помолите да ви објават…-коментираат скопјани.

Ваквите информации не се важни за објавување, а ги испраќаат од кабидентите на градоначалниците. Тоа значи дека нивните пи ар служби не знаат да им направат публицитет со реални достигнувања, пишувајќи за сообраќајна сигнализација. Или пак немате реални достигнувања, па ваквите фалења се спасот?

Претходна вестВо Македонија 39 починати и 1.237 нови случаи на коронавирус
Следна вестДо 31 декември трае конкурсот за најдобар необјавен македонски стрип