Општина Центар го казни кафе-барот „Интермецо“ со глоба од 6.000 евра поради гласна музика

Прегласна музика и бучава на кои се жалеле околните жители е причина за глоба од 6.000 евра која општина Центар ја изрекла на кафе-барот „Интермецо“ лоциран во скопската населба Капиштец. Во соопштението на општина Центар се наведува дека прекршоците ги утврдиле надлежните од Секторот за инспекциски работи, односно Инспекцијата за животна средина.

– Поради гласна музика е изречена мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност. Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава, се наведува во соопштението.

Претходна вестВладата и средношколците без договор за моделот на наставата
Следна вестПротест и блокади на крстосници против поскапувањето на струјата