Општина Центар: Отстранети 5 трафики поставени без решение кај Зелено пазарче

Вкупно пет времено поставени објекти – трафики денска се остранети од локацијата на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, соопшти денеска општина Центар. Станува збор за 4 киосци и 1 трафика кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект.

-Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината пристапи кон административно присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите, се наведува во информацијата.

Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, со која ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите.

Претходна вестСе разговара за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ
Следна вестСе зголеми бројот на термини за вакцинација против сезонски грип