Орце Ѓорѓиевски: Утре сабајле Арсовска може да стане од спиење и да казнува луѓе по улиците и да апси

Обидот да ми пише казна по џебот на граѓаните во оштината покажа дека скопската градоначалничка Данела Арсовска ниту си ги знае ингеренциите, ниту надлежностите, ниту која е територијата која ја администрира, изјави денеска Орце Ѓорѓиевски, градоначаник на Кисела Вода. На прес-конференцијата тој реагира на казната од вкупно 140.000 евра со којашто Арсовска го казнила него и градоначалникот на општина Сопиште поради одлагањето на отпадот пред депонијата „Дрисла“.

Тој тврди дека казните се неосновани.

-Знаете дека по неколкудневно нечистење на сметот и претворање на градот во една голема депонија, ние како општини со помош од наши колеги излеговме на терен да се справивме со проблемот кој го создаде Данела Арсовска, КХС и Градот Скопје, земајќи во предвид дека нашите сограѓани плаќаат за тоа. Почнавме самите да се справуваме со отпадот. Неколку камиони беа упатени кон Дрисла и за чие одлагање нема потреба од никакво договор кои тие го спомнуваат бидејќи има одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени дека можат да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати. Еве фактури, влезни до општина Кисела Вода, упатени од ЈП „Дрисла“ со кантарски белешки на кои се гледа тежината на отпадот со кој е направен влез во депонијата. Што значи уште едно побивање на Данела Арсовска, рече Ѓорѓиевски кој е казнет со 84.000 евра.

Ѓорѓиевски најави дека ќе ја оспори казната на суд. Тој објасни дека биле принудени собраниот отпад да го остават пред депонијата каде што не им дозволиле да влезат. Втората опција била отпадот да го вратат во Кисела Вода.

Според него, ЈП „Дрисла“ е лоцирана во дел на општина Студеничани и во дел од општина Сопиште, кои се надвор од границите на Град Скопје, и оттаму ја праша Арсовска дали си ги знае своите ингеренции.

– Дали оваа нејзина постапка значи дека утре сабајле Арсовска може да стане од спиење и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да казнува луѓе по улиците и да апси? Госпоѓата не ги знае надлежностите и ингеренциите. Иако докажа дека нема капацитет за водење на градот и не знае да се справи со предизвиците, со ова покажа дека не ја знае територијата, со која администрира. Зошто им требаа 12 месеци на новото раководство на „Комуналец“, а на градоначалничката речиси две години дека луѓе не оделе на работа, а земале плата? која била позадината и зошто ги штителе изминативе години? Сите знаеме дека после три дена отсуство од работа, следува отказно решение, додаде градоначалникот.

Претходна вестСтоп за увозен авто-отпад во Македонија
Следна вестСе судрил со автомобил, па прегазил малолетничка, девојчето е тешко повредено