Оставил отклучено БМВ во Карпош и тркнал до трафика, полицијата го нашла возилото во село Лака

МВР брзо пронајде украден автомобил. Имено, скопјанец пријавил дека вчера околу 18 часот му е украдено возилото „бе-ем-ве“, кое го оставил отклучено, а и моторот му работел, на ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија.

Крадецот реагирал брзо и го украл возилото.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош околу 20 часот возилото е пронајдено во с. Лака и ќе биде вратено на сопственикот, соопшти МВР.

Не е соопштено дали е фатен и крадецот. Од МВР велат дека се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестКазни за 127 возачи во Скопје, 27 за брзо возење
Следна вестЦаровска контра Народниот правобранител: Протоколите за школите се добри, заразата е минимална