Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерство за здравство. Од нив во Скопје се 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.
–Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Кочани (74, 70г), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.
Регистрирани се 264 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.