Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР поведе постапка против 27-годишно лице од Прилеп поради закани упатени преку Фејсбук кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство.
Тој е осомничен за кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.
Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.
Судија на претходна постапка при Основнито суд Прилеп му определи притвор во траење од 8 дена.