Осумдневен притвор заради закани кон кандидат за градоначалник

Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР поведе постапка против 27-годишно лице од Прилеп поради закани упатени преку Фејсбук кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство.

Тој е осомничен за кривично дело – загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.

Судија на претходна постапка при Основнито суд Прилеп му определи притвор во траење од 8 дена.​

Претходна вестПроблеми со гласањeто во затворите: Недостаток на паравани, затвореници ги нема на избирачки список
Следна вестНад 13 илјади македонски граѓани се вакцинирале во Врање