Откако Чешка ја победи Црна Гора македонските одбојкари влегоа помеѓу најдобрите 16 во Европа

Македонските одбојкари и теоретски го обезбедија пласманот помеѓу 16 најдобри екипи во Европа откако најдобрата селекција на Чешка Чешка ја оправда фаворитската улога и ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови. Таков резултат и одеше во прилог на Македонија со оглед на фактот дека црногорските одбојкари со победа можеа да им ги помрсат сметките на нашите избраници. .

На синоќешниот натпревар од самиот старт Чешка најави дека оди по победата и доминираше во првиот сет кој го освои со 25:18. Во вториот сет Црногорците дадоа нешто поглем отпор, меѓутоа во финишот од сетот Чешка повторно го подигна нивото и со 25:20 поведе со 2:0.

По тој сет Црна Гора како повеќе да немаше мотивација па Чешка третиот го заврши со 25:15.

Во групата нашиот денешен противник Холандија (17 часот) има девет бода, Македонија и Чешка по шест, Црна Гора три, Данска нема бодови. Ќе потсетиме, првите четири репрезентации одат во осминафиналето, но во мечевите со Холандија и Чешка ќе се обидеме со позитивен резултат да ја избегнеме Италија во нокаут фазата

Претходна вестПотпишан меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим
Следна вест127 санкционирани возачи во Скопје, 12 возеле без дозвола