Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама.
Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага.
– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, предлогот не беше прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице, соопштија од обвинителството.