Во близина на селото Жировница, изутрината ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронашла отстрелани мечка со две мали мечиња. Случајот на денешната прес конференција го објави директорот на Државниот инспекторат за заштита на животна средина Сретен Стојковски.
Полицијата прави увид, по што се очекува да се утврди дали се работи за намерен отстрел или нешто друго е во прашање.
Од Националниот парк „Маврово“ не сакаа да откријат детали за случајот додека не биде завршена истрагата. Случајот е пријавен до сите надлежни институции, кои во моментов се на терен.