Отворен час по физичко за децата со атипичен развој во општина Ѓорче Петров

Отворен ден на час по физичко и здравствено образование под мотото „Заиграј со нас“, каде што учествуваа деца со типичен и атипичен развој организираше Општина Ѓорќе Петров по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Низ низа активности кои вклучуваат стимулација на физичкиот развој, социо-емоционалниот развој, ориентација, координација, прецизност, брзина, рамнотежа и визуелна интеграција, уште еднаш се покажа дека сите деца, без разлика на нивните способности, заслужуваат поддршка и можност за напредок.

-Овој ден не потсетува дека интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на животот – политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот, не е само наша обврска, туку и наша заедничка придобивка. Секој ден е можност за поддршка, но 3 декември е денот за гласност и посветеност, рече градоначалникот Александар Стојкоски кој се обрати пред присутните во спортската сала „Христо Батанџиев“.

Како општина, додаде Стојкоски, секогаш стоиме на страната на инклузијата.

-Со гордост можеме да кажеме дека токму кај нас функционираат најголем број центри за поддршка и развој на лицата со попреченост. Нашата заложба е јасна – никогаш нема да дозволиме овие наши сограѓани да бидат заборавени или оставени на маргините, истакна градоначалникот.

Претходна вестССМ го оцени за несериозен и неодржлив на долг рок предлогот за пензионирање на 67 години
Следна вестМакедонија убедливо поразена од Црна Гора