Вкупно 1 135 пациенти со ковид се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, од кои во изминатите 24 часа се 51 нов пациент во Скопје.
Поради тоа, во Скопје отворен е и ковид – центарот на Ургентен, а и оддел на хируршките клиники.
Во последното деноноќие, најмногу примени 27 се на Интерните клиники и на Ургентен, потоа во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“-11 примени пациенти и 12 на Инфективната клиника. Во Козле има само еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и Ургентен се лекуваат 225 пациенти, во „8 Септември“ има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.