Оваа недела два неработни денови

Неделава ќе има еден неработен ден за сите граѓани, додека вториот неработен ден е само за православните верници.

Во среда ќе се слави Први Мај, додека во петок, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, се одбележува Велики петок и ќе биде неработен за православните христијани.

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ ги соопшти неработните денови за претстојните Велигднески празници.

– 1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

– 3 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија

– 6 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Претходна вестНема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следна вестДесетици торнада ги разорија јужните делови на САД, најмалку петмина мртви