Оздравени 225, новозаразени 115, тројца починати од корона вирусот

Во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19, информирна Венко Филипче, министер за здравство на својот профил на Фејсбук. Во Скопје новозаразени се 32 граѓани, во Куманово 7,Дебар 8,Штип 14,Прилеп 2,Тетово 10,Велес 2,Охрид 3,Гостивар 11,Гевгелија 3,Крива Паланка 3,Кочани 1,Пробиштип 1,Берово 8,Делчево 3,Свети Николе 4,Кичево 3.

-Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје 146,Куманово 15,Штип 5,Прилеп 2,Тетово 10,Струга 1,Битола 10,Охрид 1,Кавадарци 3,Гостивар 10,Струмица 6,Радовиш 1,Пробиштип 3,Демир Хисар 3,Валандово 1,Виница 1,Кичево 5 и Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.308, бројката на оздравени пациенти е 9.977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774.

Претходна вестПротест и блокади на крстосници против поскапувањето на струјата
Следна вестТриесетдневен притвор за крушевчанецот кој од банка украде над милион денари